|
21 Август, 2008 - 18:32
За мене
Пријатели
Последни записи
Последни коментари
Мој блог избор
|
31 Декември, 2007 - 11:07
2008
Дечки На сите Ви посакувам првенствено здравје, а потоа и љубов, среќа, многу задоволства, мерак на душата, мир во срцето, пари за заработка, полна трпеза, многу искрени пријатели, и постојано насмеано лице. СРЕЌНА 2008. 30 Ноември, 2007 - 14:05
Не дозволувам прстот да биде вперен во мене
Многу ми падна тешко, кога денеска на маил ми пристигна петиција за потпис и препраќање со цел да не се купуваат весници, во која новинарите се никакви и се плукаат заради она што беше речено во емисијата на Анета за Тоше. Е, па не може да ме ставаат во ист куп со новинарите кои седеа таму, е неможе и на мене да се однесуваат кфалификациите дека сум ја осрамотила Македонија. НЕ САКАМ ДА ЧУЈАМ ДЕКА МАКЕДОНИЈА СЕ СРАМИ ОД НОВИНАРИТЕ. Јас гледав и збор не реков. И не сакам повеке да примам повици, кои започнуваат со „стварно Емо, вие новинарите сте ѓубриња„. Е не сме сите исти. Познавам и другарувам со многу новинари кои не се ѓубриња, кои не ја срамотат македонската јавност и со кои Македонија се гордее. Јас и самата се срамам од некои новинари, кои бидејќи имаат по 3 мобилни телефони, и добиваат покани за коктели од политички партии на свое име, сметаат дека се големи претставници на својата професија. И тука застанува оценката за нив. А да се биде новинар значи да се биде на иста линија со вистината, со логиката, да се изнесуваат факти, бројки, податоци, кои ќе дадат слика за она за што се говори. Но, јавноста, таа иста која денеска потпишува петиција против нив, до вчера ги ликуваше. Ги сака или не ги сака во зависност од тоа дали напишаното или реченото на припадниците на јавноста им одговара. Јавноста сама ги направи тие новинари такви, а сега се згрозува врз нив. Замислете да имате пред себе весник, на двете страни пишува напис за иста личност. На едната страница наслов „Премиерот вети повисоки пензии„ а на другата „Премиерот има љубовница„. Што прво ќе прочитате? Или „Објавена нова песна на Тоше„ наспроти „Тоше истовремено има две девојки„. Да не се лажеме, вторите варијанти први ке ги прочитате. Јавноста мора да ја преземе дел од одговорноста за создавање на новинари на невкус, новинари кои немаат поим што зборуваат, самобендисани полтрони на моќници, на уредници кои ги користат за да заработат, за да го кренат рејтингот на својот медиум (кој за ова ќе ме пцуе значи се препознал и мило ми е), чија реченица нема почеток и крај, а прашањето само тој знае зошто го поставил и во кој контекст...Јас се гордеам што сум новинар, на многумина сум им помогнала, на сите сум им ја рекла вистината, од никого ништо не сум зела и никој не успеал да ме поткупи. Многу колеги во одредени ситуации ме навредиле, само за да докажат на јавноста дека се поголеми новинари од мене и дека нивната (купена) вистина е вистина. Многумина ми се закануваа по животот. Но никогаш не се откажав од вистината, ниту пак тоа ме разочара. И сега нема. Ниту пак Вас треба да Ве разочара во верувањата и вистината за Тоше. Она што во бизнисот се работи со фирми, недвижности и љубовни афери, се толку нормална работа. Дали е Љиља чиста, дали на Тоше му работела зад грб, дали го форсирала толку што тој бил преуморен да размислува, дали со шлаканици одредувала која девојка ќе биде со него или не, се се тоа работи за кои уште долго ќе се дискутира. Но тоа треба да се направи на вистинското место и во вистинското време. Во емисија наречена „Љиља под лупа„. Лично, немам некое големо мислење за неа (имам лошо искуство во меѓусебната комуникација), но Тоше кого и лично го знаев го обожував како личност и како пејач. А колку се лутам на невкусот на моите колеги, кои сакаат да докажат нешто без да знаат што сакаат да докажат, лута сум и на Љиља, која ден пред емисијата да се емитува во јавноста излезе со изјавата дека ние доволно не сме го ценеле и сакале, и не сме биле свесни колку тој направил за нас. Никој не го сакаше повеќе од нас, и никој не го ценеше колку што ние го ценевме. За Македонија направи многу, и наместо да ни служи како пример на добрина, ние повторно продолжуваме со нашите навики. Така и треба. Да не се почитуваме меѓусебе, да се мразиме, да бидеме секогаш навредливи кон другите. За крај уште само една работа. Како јавност барајте ја вистината, ни одговара таа нам или не, заради нас лично или заради некого кого сме го сакале, но отфрлете го невкусот, неаргументираноста, оние новинари кои манипулираат со вас, кои зад своите цени ви се обраќаат Вам за подршка а без образ Ве лажат. Вие сте тие кои ќе одредите на кого ќе му верувате, а кој ќе ви служи за забава. Ние новинарите не сме сите исти. Некој од нас се уште веруваат во својата фела и во неа се оти ја сакаат, а не за да станат славни или за да заработат. Ви благодарам. 18 Октомври, 2007 - 10:51
ZA TOSE OD TONY CETINSKI
ZA TOSE OD TONY CETINSKI 17 Октомври, 2007 - 08:13
За Тошка
Верувам дека си ангел на небото, каков што беше ангел на земјата. Нека му е вечна слава.
2 Август, 2007 - 07:16
Битисување
Нека Ви се честити двата Илиндена. Среќен празник на сите. Да живее Македонија.
12 Јуни, 2007 - 13:03
Градот убав
АУ луѓе тука сум, тука, баш ми е ќеиф, баш ми е убаво. Ама ми е криво што ни е Скопјево валкано. Пиев боза во Ригара, јадев симит погача, ми остана сендвич во Седмица и пивце кај Жабарот. Се гледаме.
7 Јуни, 2007 - 07:17
Ситници
Online игриве ми идат на нерви ама луге ги играм како луда. Ќе си седнам наутро на комјутер и следните 4/5 часа на овие години, јас си ги поминувам со глупости. Се јас знам, дека не треба така, поарно да излезам низ град, или да фатам нешто низ дома, или со детето тие часови да ги поминам во игра. Башка што грбот ме боли, а и желудникот што сум свиткана со часови. Ама џабе брат. Сум станала зависник. Нели? Брат ми ми вика, мори Емо земи читај нешто наместо што висиш со игриците. Како не бе. Си терам. Лудница. Уште и со ќерка ми ќе се караме кој да седне на комјутер. И детето виде невиде, мајкава не е при себе, наога компромис, да ги играме заедно. Јас со стрелките она ќе пристиска space. Башка што еднаш, дете од неполни 6 години ми вели, жено стани дај ми млеко остај го комјутерот нема да ти избега. Толку од мене. 26 Мај, 2007 - 15:48
Што ми требаше
...бев на полуматура, овде во тугина на наши луге (наши и најчесто се дружиме), и го пуштија Владо Јаневски...не заборавај да се сетиш на мене, овде умирам полека секој ден...си реков колку има вистина во тоа кога си настрана...умираш полека секој ден...и се надеваш дека некој се сетил на тебе...Благодарам до сите што се сетија на мене... |